Почина академик Ѓорѓи Филиповски

Почина академик Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), македонски професор и научник од областа на педологијата – науката за почвите, агрохемијата и земјоделството.

Утре во 11 часот во МАНУ ќе биде одржана комеморација, а погребот ќе биде во 13 часот.

Академик Филиповски заедно со академиците Блаже Конески и Харалампие Поленаковиќ беа тројцата членови на првата Комисија задолжена за формирање на МАНУ. Академијата беше снована на 23 февруари, 1967 година.

Филиповски е основоположник на современите педолошки истражувања во земјава. Неговите најзначајни активности од научната дејност се во насока на почетоците на формирањето на првите високообразовни институции како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Земјоделско – шумарскиот факултет и МАНУ.