Владата утврди препораки за професорскиот и асистентскиот кадар на техничките факултети

Министрите во владата на 171 седница разгледаа Информацијата за проблемите и потребите на техничките факултети на државните универзитети.

„Министрите утврдија препораки за поддршка на одржувањето на континуитет на професорскиот и асистентскиот кадар со предлог за финансиска поддршка на научните проекти кои би се развивале во соработка со индустријата“, соопштија од Влада.

Оваа информација ја презентирал Заменик претседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев, кој седницата ја образложил и информацијата за дуално образование со предлог концепт за апликација во образовниот систем.

Инаку, во последната емисија на Радио МОФ #НаЧас, токму разговаравме на недостигот на асистенти на факултетите, односно за проблемот со младите кадри на факултетите и прашањето кој ќе ги замени редовните професорите кога ќе заминат во пензија.

[Видео] НаЧас: Нема кој да ги замени професорите на јавните универзитети