[Фото] „Корен на квадрат“ засади 200 дрвја во Петровец

Здружението „Корен на квадрат“ преку акција посади 200 садници багрем во општина Петровец.

„Во ек на сезоната на загаден воздух и сеопшта негрижа за животната средина во која се наоѓаме, решивме да бидеме конструктивно активни. Ова е само загревање за она што сакаме да го постигнеме. Благодарност до општина Петровец кои љубезно ни дозволија да садиме на локацијата“, соопштија од „Корен на квадрат“.

Здружението „Корен на Квадрат“ има мисија да ги мапира и да ги искористи во потполност сите места во земјата преку чие пошумување и зазеленување може да се намали негативниот удар од недоволната еколошка, морална и здравствена свест врз животната средина.

Исто така, да се намали глобално затоплување на локално ниво и да се поттикне развивање на здрави вредности во поглед на создавањето нови бизниси и воопшто здрава еколошка и морална свесност кај сите граѓани.