„Фотошопирана“ фотографија од политичар, како се наоѓа во казино и се коцка и начинот на кој оваа монтажа може да се прошири преку социјалните мрежи и медиумите и да допре до илјадници граѓани е прикажано во видеото кое е дел од кампањата за медиумска писменост на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Целта на кампањата е да им помогне на луѓето да разликуваат вистинити од лажни вести, како и да препознаат пристрасност, дезинформации и спин кои се појавуваат во јавниот домен.
„Во медиумско и технолошкото опкружување кое брзо се менува, граѓаните се изложени на огромни количини на информации, кога користат различни уреди и алатки за да комуницираат преку интернет за лична и професионална интеракција. Додека ова може да биде многу корисно и практично, за жал, исто така, ги прави луѓето ранливи на дезинформации и погрешни информации“, велат од мисијата на ОБСЕ.
 
						 
								 
               
				![[Видео] Два пати провери, еднаш верувај – видео од кампањата против дезинформации](https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2019/11/Манипулација-702x336.png)