Со петминутна блокада и марш низ Гевгелија, утре (14 ноември) ќе им се даде поддршка на болните од рак и нивните семејства.
Од Здружението ChangeMakers4all, кои се организатори на маршот, бараат поголема поддршка за болните од рак преку обезбедување на лекови, финансиска поддршка за патот до Скопје за пациентите, како и нивната придружба.
Маршот ќе започне во 15:10 часот од „Екстра Маркет“ на булевар Гевгелија, а ќе заврши до кафе бар ,,Центар‘‘ на градскиот плоштад.
„Пак во Скопје, се во Скопје – да размислиме дали има можност да се отвори оделение за Онкологија во градот со обучени лица, за Хемотерапија која ке го покрива регионот на Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран. Марп во молк за свесност на алармантната ситуација на заболени и починати од канцер. Марш во молк за поддршка на формирање на здружение, со раководство кои што ќе даде се од себе, за барање и исполнување на потребите кои што се од животно значење за нашите сограѓани заболени од ова болест“, стои во најавата за маршот.