Привршува бесплатното микрочипирање на милениците

Кампањата која ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство за бесплатно микрочипирање на домашните миленици завршува на крајот на оваа година. Од 100 илјади микрочипови, досега биле искористени вкупно 69.624, од кои најголем дел се за кучиња.

Од Агенцијата апелираат сите сопственици кои се уште не успеале да ги микрочипираат своите миленици можат да го сторат тоа до крајот на декември оваа година, плаќајќи само за аплицирањето на чипот што чини 200 денари.

До АХВ, локалните самоуправи досега доставиле 61 програма за контрола на популацијата бездомни кучиња, како нивна законска обврска. Од нив, одобрени се 37, а 24 се во фаза на корекции и доработка.

„Тринаесет прифатилишта за бездомни животни досега се одобрени од страна на Агенција за храна и ветеринарство, како дел од обврските на локалните самоуправи за воспоставување на соодветен систем за контрола на популацијата бездомни кучиња. Од нив, на 2 им е зголемен капацитетот за прифаќање и третман на бездомни животни, стои во соопштението на АХВ.