„Како да се грижиш за своето ментално здравје“ – работилница за млади

Со почеток на месецот ноември, месец кој е во знак на движењето #movember, невладината организација ХЕРА ќе одржи работилница чија цел ќе биде подигнување на свеста кај младите луѓе во врска со менталното здравје.

Работилницата ќе се одржи на 18ти овој месец со почеток во 17 часот и ќе биде водена од психологот Јасмина Јонус.

Работилницата е отворена за 20 учесници, а пријавувањето ќе биде отворено додека има слободни места. За учество може да се пријавите тука.