[Галерија] Наградени гифови на конкурсот на „Окно“ на тема „Книга“

„Окно“ ги објави наградените гифови на конкурсот на тема „Книга“, каде велат добиле педесеттина гифови од 18 автор(к)и.

Конкурсот беше во склоп на одбележувањето 10 години од покренувањето на „Окно“ и 25 години од првиот број на списанието за култура „Маргина“.

Во име на жирито, главниот уредник на „Окно“, Никола Гелевски потенцира дека наместо десет, решиле да наградат дванаесет луѓе.

„Од вкупно пристигнатите педесетина гифови барем половината заслужија да бидат наградени. Заради тоа сме задоволни од конкурсот. Задоволни сме и од различните стилови, од креативноста, вештите цртежи, добрите идеи, техничката изведба, експерименталниот дух… Им честитаме на наградените и им благодариме на сите луѓе кои ни ги испратија своите дела. Во текот на ноември (или можеби во декември, на малиот новогодишен саем на книгата) негде во Скопје ќе направиме скромно претставување на конкурсов, ако ништо друго да се запознаеме меѓусебно :) Ако Окно продолжи, ви ветуваме уште вакви конкурси!“, пишува Гелевски од „Окно“.

Десетте наградени гифови: 

Гоце Илиевски, Лотос

Владимир Илиевски, The Book of All

Мирјана Лозановска, Билдај мозок

Верица Пиперевска

Небојша Гелевски, Читачот

Димитар Грчев, Stepping up the ladder

Вања Штркова, Чекајќи го Годо

Александар Илиевски, Плажа

Марија Дичова, Ловење

Теа Темелковска, Staying in

Бојан Митевски, Ризница

Извор: Окно