„Ари Хоениг трио“ со концерт во Јавна соба

Во „Јавна соба“ на 17 октомври од 21:30 часот е најавен концерт на Ари Хоениг, кој според организаторите е окарактеризиран како еден од најдобрите џез тапанари на современата њујоршка сцена.

Освен тапанарот, во „Ари Хоениг трио“ свират и Јанис Павлидис на гитара и Лакис Тзимакас на бас.

Инаку, Ари Хоениг е роден во Филаделфија, како син на диригент и виолинистка. Почнува да свири тапани на возраст од 12 години, а на возраст од 14 години ги усовршува своите вештини со заедно со други млади џез музичари во клубовите на Фили, како Џез Хаус од Ортлиб.

Хоениг работи и како композитор и професор.  Сцената ја дели со врвни музичари и зад себе има издадено многубројни албуми.