Одличната кампања за 2008 година од страна на Светскиот фонд за животински свет (WWF) повторно оживува благодарение на еден неодамнешен Редит пост. Кампањата, наречена WWF Јапонија – Население по пиксели, беше креирана од агенцијата Хакухдо C&D/Токио. Мозоците зад неа беа креативните директори Нами Хошино, Јошикики Миками и дизајнерот Казухиро Мохизуки. Инспириран од нивната работа, „Imgurian JJSmooth44“ направи продолжение на нивниот проект кој е исто толку е моќен како оригиналот.
„Го направив тоа како програмски предизвик“, напиша JJSmooth44. „Го направив…со питон … но кодот е многу лош. Се грижев само за крајниот производ, а не за читливоста / убавоста на кодот“, вели тој за „Борд панда“.
Африканско диво куче. Проценето е дека има меѓу 3000 и 5500 единки.
Амур леопард. Има околу 60 единки
Амур тигар. Околу 450.
Азиски слон. Проценето е дека остануваат меѓу 40000 и 50000 вакви слона.
Бенгалски тигар. Околу 2500 единки.
Црноног ферет. Оценето е дека се останати околу 300 ферети.
Црн носорог. Околу 5000…
Син кит. Проценети се меѓу 10000 и 25000 единки.
Бонобо. Меѓу 10000 и 50000 единки.
Борнеански орангутан. Проценети се меѓу 45000 и 69000 единки.
Борнео -пигми слон. Проценети се околу 1500 единки од овој вид.
Шимпанза. Има меѓу 172700 и 299700 единки.