Стотици илјади луѓе се приклучија на протестите за итно справување со климатската криза низ Канада, со скоро 100 настани планирани во големите и помали градови.
Демонстрантите учествуваат во глобалното движење за климата , кои ги натера на улица луѓето ширум светот. Движењето бара светските лидери да усвојат амбициозна политика за климатски промени.
Првичните штрајкови во училиштата беа инспирирани од движењето „Петоци за иднината/FridaysForFuture“ на младата Грета Тунберг. 16-годишничката во понеделникот ги критикуваше светските лидери во Обединетите нации поради нивното непреземање повеќе мерки за борба со климатските промени. Таа се обрати во Монтреал на почетокот на штрајковите низ градот, за кои се очекува да привлечат повеќе од 300.000 луѓе.
Организаторите велат дека половина милион луѓе се собрале само во источниот дел на Монтреал. Официјални лица изјавија за локалните медиуми дека бројот изнесува околу 315.000.
Овие бројки го сместуваат настанот во Монтреал како еден од најпосетените маршеви за животната средина во историјата. Маршот за клима во Њујорк, во септември 2014 година, на пример привлече најмалку 310,000 демонстранти.
Училиштата, колеџите и универзитетите ги суспендираа сите или дел од часовите во текот на денот, а градската власт и некои бизниси го охрабрија персоналот да го помине денот на улица. Градскиот јавен транспорт беше исто така бесплатен за настанот.
Петочниот марш беше претежно мирен, иако едно лице беше приведено од полицијата откако му пристапи на премиерот Џастин Трудо, кој беше меѓу присутните зедно со водачот на Зелената партија, Елизабет Меј. Отсуство на маршот, како што јавија медиумите, се очекуваше од конзервативниот лидер Ендру Шер, кој има голема поддршка во регионите за производство на нафта и гас во Канада. Тој ги избегна маршевите низ целата земја, но рече дека неговата партија „секогаш ќе ги поддржува“ луѓето што ја зголемуваат свеста за климатските проблеми, а некои кандидати за конзервативци се очекува да присуствуваат на некои настани.