Денови на акција против дискриминацијата и милитаризмот

Денови на акција против дискриминацијата и милитаризмот„Деновите на акција против дискриминацијата и милитаризмот“ е регионален настан и се случува по вторпат во организација на регионалната мрежа „Регионални младински акции против дискриминацијата и милитаризмот“.

Млади активисти од Прилеп, Скопје и Тетово од Македонија, Крушевац од Србија, Тузла и Јабланица од Босна и Херцеговина и Приштина на Косово ќе се вклучат во годинашните активности со заедничка цел за зголемување на свесноста за присуството на дискриминацијата во средината каде живееме.

„Би сакале да ставиме и акцент на високото ниво на милитаризам кој е лесно мерлив преку нивото на национализам, хомофобија, мачо модели на однесување и особено преку присуството на различни типови на дискриминација базирана на етничкото потекло, род, религија или социјален статус“, соопштуваат од „Мировна акција“.

Активностите за време на Деновите на акција против дискриминацијата и милитаризмот ќе вклучуваат работилници, панел дискусии, дебати, изложби, концерти, живи библиотеки, поделба на промотивни материјали, театарски изведби, flash-mob, спортски активности и радио емисии. Сите настани ќе се случат помеѓу 15-ти и 19-ти мај.

Деталната агенда и повеќе детали поврзани со манифестацијата може да се најдат на веб страната на регионалната мрежа на stopdiskriminacija.net, како и на Фејсбук, каде ќе бидат објавувани и дневните извештаи на активностите од „Деновите на акција..“.

Мировна акција е координатор на регионалната мрежа „Регионални младински акции против дискриминацијата и милитаризмот“ а манифестацијата е поддржана од страна на Норвешкото министерство за надворешни работи.