„Ослободи ја брадавицата“: Жените сега можат да се движат топлес во шест земји во САД

Повеќегодишната правна битка во Форт Колинс, Колорадо, каде градска уредба на жените им забрануваше да одат без кошула во јавност, сега е прогласена за науставна, објави движењето „Ослободија ја брадавицата“.

Со ова, велат тие, ефектите од одлуката ќе важат за сите градови од шестте земји од САД – Јута, Колорадо, Вајоминг, Њу Мексико, Канзас и Оклахома, каде жените отсега ќе можат да се движат топлес.

Она што почна како ситна борба, „Ослободи ја брадавицата“ ја окарактеризира како победа за движењето и глобалната кампања за родова еднаквост, која го потенцира правото на жените да изберат како ги прикажуваат своите тела.

Како што јавува Yahoo, законот во Форт Колинс доби прв удар во февруари, кога Апелацискиот суд го прогласи анти-топлес законот за науставен. Судот утврди дека законот се заснова на „негативни стереотипи што ги прикажуваат женските гради, но не и машките, како сексуални објекти“.

Во таа одлука, исто така, судот посочи градови како Денвер и Булдер, каде дозволуваат јавна топлес варијанта за жените. Во ниту еден од овие градови не било евидентирано „парадирање топлес пред основни училишта или пливање топлес во градските базени“, што била аргументирано како ризик од анти-топлес групите во Форт Колинс.

Сепак, градот се уште има опција да го обжали законот или да ја однесе проблематиката до Врховниот суд.

Според американските медиуми, Форт Колинс засега нема да го направи тоа, односно се откажал од борбата, за која потрошил 300.000 долари да го одбрани законот.