Активисти во Швајцарија „погребаа“ глечер кој исчезнува

Активисти го одбележаа топењето на швајцарскиот глечер, кој ќе исчезне како последица на глобалното затоплување.

Глечерот Пизол, со површина помала од една десетина од квадратен километар, е сместен во Гларнските Алпи во источна Швајцарија.

Се наоѓа на 2600 метри надморска височина и најверојатно ќе исчезне до 2030 година.

Глечерот во 1987 година бил голем 0,32 километри квадратни, а денеска има само 0,06 километри квадратни.

Слична вавква акција имаше во Исланд во јули. Жителите му подигнаа споменик на својот прв исчезнат глечер.

Окјокул стана првиот целосно истопен глечер на островот, но и симбол на предупредувањето на научниците за ефектите од климатските промени.

Извор: rts.ch