Хуманитарни организации спасија 50 мигранти од гумен чамец кај Либија

Добротворен брод на хуманитарни организации помина врнежлив ден трагајќи низ отворени води по гумен чамец преотповарен со мигранти, за конечно да спасат 50 луѓе недалеку од брегот на Либија, јави агенцијата АП.

Бродот „Океански Викинг“ на организациите „СОС Медитеран” и „Лекари без граници” испрати сопствени чамци за да соберат трудна жена, 12 малолетници и 37 мажи, сите од суб-сахарска Африка.

Според извештајот, најмалку двајца луѓе биле болни и колабирале при пристигнувањето на „Океанскиот Викинг“, тројца биле натопени со гориво и уште двајца страдале од лесна хипотермија.

Операцијата била сведочена од новинар на АП.

Спасувањето се случи 14 часа откако „Океанскиот Викинг“, како и либиските, италијанските и малтеските власти, агенцијата за бегалци на ОН и Мунбрд, хуманитарен авион за набљудување, добија е-мејл од „Alarm Phone – телефонска линија за мигранти. Тоа беше итен повик за помош на гумениот чамец, кој бил без функционален мотор.

Според сведоштвата на новинарот, бродот „Океански Викинг“ бил во либиската зона и трагал низ хоризонтот, а потоа безуспешно се обидел да ги контактира либиските власти. Најмалку три повици биле неодговорени.

Конечно, синиот гумен чамец бил забележан на хоризонтот во 13:30 часот, во близина на рибарски брод, кој пак не одговорил на радио-повикот на „Океански Викинг“, па затоа биле пуштени спасувачките чамци.

Либиските крајбрежни служби биле контактирани час подоцна. Авион на Европската унија, дел од операцијата „Софија“, летал над мигрантскиот и рибарскиот брод неколку пати пред луѓето да бидат спасени.

Меѓународните тела за миграција и човекови права велат дека Либија не е безбедно место, а „Лекари без граници“ не сметаат која било северноафриканска земја е безбедна за испраќање на мигрантите.