Откако изминатава недела беше нападнат лекар во Тетово и медицинска сестра во Драчево, Лекарската комора на Македонија преку писмено соопштение ги повика институциите да реагираат и да ги заштитат здравствените работници.
Во продолжение ви ја пренесуваме во целост реакцијата на Лекарската комора:
„Жално е и тажно што во два последователни дена Лекарската комора мора да реагира на ова што се случува на здравствените работници.
Загрижени сме од слоботата која пациентите ја чувствуваат со насилие кон нас, како докторите, така и сестрите, болничарите го изразуваат своето незадоволство, нетрпение, нервоза, Лекарската комора бара од институциите да ги заштитат своите здравствени работници. Не само полициска заштита. Ги замолуваме нашите пациенти конечно навистина да го погледаат законот за нивните права и да видат дека имаат и обврскида го почитуваат оној кој им пружа помош.
Докторите се со закон прогласени за службени лица, но кога ке бидат натепани или застрелани, то а не помага многу. Соработниците на докторите не се службени лица. Луѓето кој се грижат за здравјето на другите луѓе заслужуваат почит.
Лекарската комора бара од институциите и пациентите да им овозможат на здравствените работници да ја обавуваат својата работа без страв за сопствениот живот“, стои во соопштението од Лекарската комора.