Македонското еколошко друштво ги повикува сите заинтересирани на заедничка прослава на меѓународниот ден за запознавање со мршојадците во Зоолошката градина во Скопје која денеска ќе трае до 15 часот.
Сите посетители ќе имаат шанса на интересен начин да научат нешто повеќе за овие ретки и честопати заборавени птици, како и да се запознаат со мерките кои се превземаат за нивна заштита во регионот.
Настанот е наменет за сите возрасти и ќе се одржи веднаш до одделот за мршојадци и грабливи птици во Зоолошката градина.