[Аудио] „Алишта“ – нова песна на SEERma

Ивана Харикли, позната како SEERma, објави нов музичко – поетски спот со наслов „Алишта“.

Текстот и вокалот се нејзини, додека музиката е на IWASS. Песната е римејк на „Алишта“ од 2015 на Петар Јовановски и Михајло Стојанов.

Харикли е авторка и на проектот „Македонско девојче”, за кој соработуваше со Баже ДСЦ, Druggy, IWASS и Јордан Костов. Претходно, заедно со Димитар Додовски (‘Potential worlds’) учествуваше на „Десонанс” фестивал, 2015. Низ годините има и неколку гостувања на „Поетри слем Македонија”, „Астални проекции”, „Пич прич” слем, „Друга приказна” фестивал, „Скопје тест”, „Локомотива“ и „Песнило“.

Нејзиното прво EP „Одасфалтирај ме“ во соработка со Петар Јовановски, Дину Вангели и Михајло Стојанов излезе во 2015-тата година. Изминатава година таа изложи и дел од #мојмузеј проектот како дел од Сирова култура на МКЦ, а одржа и мини концерт за отворањето на ланскиот „Синедејс“. Моментално работи на развивање на „Етно Нинтендото“.