[Фото] Илина Арсова се подготвува за последниот од предизвиците „7 врвови на 7 континенти“

„Планината е мој дом каде се чувствувам своја и исполнета. Преку 10 години истрајност, посветеност и напорни тренинзи. Многу неспиени ноќи, студ, стравови, но и неизмерна среќа, љубов и реализирани соништа. Многубројни падови и повторни искачувања, соочувања со себеси и со околината, за конечно оваа година заедно да ја достигнеме целта!, соопштува планинарката и активистка Илина Арсова.

Таа најавува искачување на Винсоновиот масив на Антарктикот, како последен од предизвикот 7 врвови на 7 континенти.

„Подготовките се во тек, а вашата поддршка многу ми значи“, вели Арсова преку Фејсбук.

Планината е мој дом каде се чувствувам своја и исполнета. .Преку 10 години истрајност, посветеност и напорни тренинзи….

Posted by Ilina Arsova on Thursday, 5 September 2019