50-тина вреќи со ѓубре беа собрани од „Полигонот“ во Охрид, во заедничката акција на активистите на „Чист Охрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“.
Во акцијата која траеше околу два часа се вклучија 15-тина активисти, а ѓубрето по завршување на акцијата беше собрано од екипа на Охридски Комуналец.
„Локацијата која е една од омилените места за собирање на младите, а која Чист Охрид веќе неколку пати ја враќа во „живот“, повторно беше затрупана во ѓубре, каде доминираше пластичниот и стаклениот отпад. Сметаме дека е недозволиво да имаме депонија во срцето на градот, и истовремено бараме активирање на комуналните инспектори, како и поголема грижа за јавните простори од страна на граѓаните“, велат од „Чист Охрид“.