Полициска рација во сквотовите во Атина

Полицијата во Атина, во раните утрински часови започна со рации на сквотови што ги окупираат анархисти во населбата Егзархија.

Четирите згради кои се наоѓаат на улиците „Харилау Трикупи“ и „Калидромиу“, се на мета на полицијата долго време.

Таа постојано врши инспекција во областа поради сомнежи за трговија со дрога.

Рациите се продолжение на поголема акција што ја започна полицијата во текот на летото, додека станарите на повеќето сквотви биле надвор од Атина.