Shake up the town! – младински фестивал во Куманово

Здружението Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) во петок, 23 август, го организира фестивалот на отворено „Shake up the town!”.

Од 17 часот пред Националната Установа Центар за Култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се соберат млади луѓе кои ќе зборуваат за толеранција. На фестивалот ќе бидат презентирани уметнички творби создадени од ученици од средните училишта во Куманово, ќе има читање на поезија и акустичен перформанс на песни кои имаат за цел да ја подигнат свеста на граѓаните за мултикултуралното оштество во кое живееме, говорот на омраза, негативните ефекти на стереотипи и дискриминација и исполнување на
човековите права подеднакво за сите.

„Фестивалот има за цел да ги охрабри сите млади луѓе без оглед на етничка припадност, вероисповед, пол или др. преку уметност и култура да се вклучат во интеркултурен дијалог и кохезија, да се адресира говорот на омраза, да се промовира концепт без омраза и да се промовира младински активизам во Куманово“, велат од ЦИД.

Идејата за настанот произлегла од досегашното искуство на ЦИД во градење мостови за зближување на поделените заедници во Куманово преку директно учество во заеднички младински активности и иницијативи без оглед на етничката или културната припадност. Проектот е кофинансиран од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија.