Нови правила за планинарите што ќе сакаат да го искачат Монт Еверест

2019 година е една од најсмртоносните години на Хималаите. Поради ова, непалската влада објави нови правила за планинарите што ќе сакаат да го искачуваат Монт Еверест.

Планинарите отсега ќе мора да минат соодветна обука, да имаат лекарско уверение и осигурување кое ќе ги покрие трошоците во случај на нивно спасување.

Покрај ова, планинарите прво ќе мора да совладаат врв од 6.500 метри надморска височина, за да може да добијат дозвола да го искачат Монт Еверест кој е висок 8.848 метри. Исто така, планинарите ќе мора со себе да поведат искусен водич.

Оваа пролет девет планинари настрадаа на непалската страна на Монт Еверест.