Еден од организаторите на „1 од 5 милиони“ пренесен во ургентен центар

Срѓан Марковиќ, eден од организаторите на протестите на српското движење „1 од 5 милиони“, бил физички нападнат пред зградата на претседателството, а потоа однесен во ургентен центар, соопштија од „1 од 5 милиони“.

Како што се наведува во соопштението, Марковиќ бил нападнат од обезбедувањето на претседателот на државата Александар Вучиќ на самиот завршеток на вчерашниот протест. Според движењето, причината за нападот бил неисполнетиот договор и арогатниот однос на обезбедувањето.

Марковиќ во ургентниот центар е пренесен по обилно повраќање и онесвестување, стои во соопштението.

Вонредна прес-конференција е закажана за денеска во 12 часот.

Од „Сојуз за Србија“ го осудија овој инцидент и побараа итно да се идентификуваат напаѓачите на демонстрантите, кои во склоп на претходен договор со полицијата сакаа да остават препораки и заклучоци на експертскиот тим на „1 од 5 милиони“.