Венеција забрани големи бродови во близина на центарот

На големите крузери им се забранува да влегуваат во историскиот центар на Венеција. Бродовите потешки од 1.000 тони од септември ќе се пренасочуваат од одредени патишта, објавија од италијанската влада.

Според Би-Би-Си, ваквата одлука следува по инцидентот во јуни кога брод удри во пристаниште, а беа повредени пет луѓе.

Но, конзерваторите велат дека ваквиот план на владата е недоволен за да ја спречат подводната ерозија и загадувањето.

Почнувајќи од следниот месец, некои од бродовите ќе бидат принудени да се стационираат на терминалите Фусина и Ломбарди, далеку од централното градско подрачје, јавува „Фајненшнал тајмс“.

До крајот на 2020 година, третина од бродовите ќе бидат пренасочени.

Критичарите одамна предупредуваат дека брановите кои ги создаваат крузерите ги еродираат темелите на градот, кој редовно страда од поплави. Други, исто така, се пожалија дека тие ја „одземаат“ убавината на историските места во Венеција.

Во 2013 година, владата забрани движење на бродовите со тежина или повеќе од 96.000 тони во централниот канал Гуидека, но оваа одредба подоцна беше укината.

Во 2017 година беше најавено дека големите бродови ќе бидат пренасочувани од историскиот центар, но се очекуваше четири години за тие да стапат на сила.