50 години од албумот „Abbey Road“ – обожавателите на „Битлси“ се собраа да го одбележат јубилејот

Поминаа 50 години откако култниот рокенрол состав „Битлси“ се фотографираше на пешачкиот премин на Abbey Road, каде илјадници ентузијасти се собраа за да ја одбележат годишнината, објави Индепендент.

На омотот на албумот за „Abbey Road“ се гледа како Џон Ленон во бела кошула ги предводи членовите на бендот, преминувајќи го пешачкиот премин. Позади него е Ринго Стар, облечен во црн костум, а Пол Мекартни босоног, надвор од чекор ги следи со цигара во рака. Џорџ Харисон е најназад, облечен во син тексас, додека во позадина е паркирана буба Фолксваген.

На собирот, бубата беше во позиција, додека сообраќајот ползеше по преполната улица. Во меѓувреме, десетици обожаватели парадираа на пешачкиот, додека истовремено се фотографираа.

„Abbey Road“ беше последниот албум што го снимија сите четворица членови на групата заедно, а песните беа напишани индивидуално, вклучувајќи ја „Come Together“ на Ленон, „Here Comes the Sun“ на Харисон, „Maxwell’s Silver Hammer“ на Мекартни и „Octopus’s Garden“ на Стар.