Реакции по фотографија со полицајци на коњи како водат човек врзан со јаже

На социјалните мрежи се објавени фотографии на тексашки полицајци на коњи како водат Афроамериканец врзан со јаже низ град. Инцидентот се случил во саботата во градот Галвстон. Бидејќи немале патролно возило, полицајците закачиле јаже за лисиците и го повеле со себе четириесет и тригодишниот маж.

Тоа предизвика револт на социјалните мрежи, каде корисниците реагираат дека сцената ги потсетува на ропството од 19 век.

Следеше извинување на шефот на локалната полиција кој наведе дека приведувањето претставувало „непотрабно срамотење“.

„Верувам дека нашите полицајци лошо процениле во овој случај и дека можеле да причекаат друга единица со автомобил“, се наведува во соопштението и се додава дека полицајците немале лоша намера.

Приведениот маж подоцна бил ослободен со кауција.