Жените од Крушчица наградени за борбата за заштита на локалната река

Акциите за спречување на изградбата на две хидроелектрани на реката Крушчица во Босна и Херцеговина се повод за германската фондација ЕуроНатур да ги награди жените од селото Крушчица за посебен допринос за заштита на природата.

„Одважноста и истрпноста на овие храбри жени е импресивна и преставува пример за нашата работа, како и работата на партнерските организации во борбата против хидроенергетските лобија на Балканот“, изјави претседателот на ЕуроНатур, Кристел Шродер.

Група жени од селото Крушчица од август 2017 до декември 2018 година, деноноќно го блокираше мостот преку истоимената река и така спречи изградба на хидроелектрани.

Во одбрана на реката не ги спречи ниту полицијата, ниту притисоците на инвеститорот.

„Дури пред Божиќ 2018, жените решија да го напуштат мостот. Надлежниот суд ги поддржа нивните цели. Со тоа, среќно заврши мирниот едноиполгодишен протест на жените од Крушчица“, истакнаа од ЕуроНатура.

Наградата од фондацијата на жените ќе им биде врачена на 10 октомври. Лауреати на оваа престижна награта претходно беа и Нелсон Мендела, Михаил Горбачов, Принцот од Велс и други.