„Пола летo веќе помина и си рековме да направиме нешто заедно. Во среда (7 август) сакаме да одиме на Водно заедно и ќе имаме пикник нагоре. Ако немате планови, дојдете со нас“, стои во повикот на младинската организација „Young life Skopje“ за утрешното качување на Водно.
Искачувањето ќе почна од 10 часот пред училиштето „Кочо Рацин“.
„Земите си добри патики, вода и парички ако сакате да си купите нешто на Водно. Се гледаме“, се вели во повикот на „Young life“.