Вело птичарска дружба по повод Европските денови на набљудување птици

По повод Европските денови на набљудување птици, на 15 септември ќе се одржи „Вело птичарска дружба“ на потегот Претор – – Ресен – Стење.

Настанот го организираат Македонското еколошко друштво и Велосипедскиот кружок „Милтон Манаки“ кои, за сите заинтересирани, најавуваат една поинаква дружба.

„Ќе имаме можност да набљудуваме птици и да ги осознаваме нивните изгледи, движења и хабитати и сето тоа ќе го правиме на велосипед. Ќе научиме што птиците сакаат и како да постапиме за да ги зачуваме нив и нивните живеалишта“, стои во Фејсбук објавата за настанот.

Организаторите ги повикуваат сите кои сакаат да добијат повеќе информации да им се обратат на miltonkruzhok@gmail.com.