Оваа недела, за прв пат во Северна Америка и по трет пат воопшто, се роди бел носорог како резултат на вештачко оплодување.
Малото, штотуку родено бебе-носорог во зоолошката градина во Сан Диего е исклучително важен чекор напред кон спасување на овој вид од изумирање.
Неговата мајка Викторија, која го носеше плодот 493 дена, остана мирна за време на нејзиното 30-минутно пораѓање во неделата, објави зоолошката градина.
BIG NEWS: The pitter patter of little hooves at the Nikita Kahn Rhino Rescue Center ushered in a historic milestone yesterday as Victoria gave birth to a healthy male calf. ❤️ pic.twitter.com/vXn3hh1e6v
— San Diego Zoo Safari Park (@sdzsafaripark) July 29, 2019
„Викторија е одлична како мајка“, рече Барбара Дурант, директорка за репродуктивни науки во зоолошката градина „Сан Диего Глобал“, непрофитна организација која ја води зоолошката градина.
„И малото новороденче се чувствува одлично. Веднаш штом Викторија ја симна плацентата, тоа почна да се движи. Застана многу брзо, и секако, беше многу активно. Иако тој е многу симпатичен и сладок, овој мал јужен бел носорог има многу поголемо значење“, додала таа.
Неговото раѓање е дел од планот за зачувување на северниот бел носорог – загрозена подгрупа од овој вид, чија популација се спушти на само две единки.
Додека популацијата на јужните бели носорози, благодарение на еден век заштита и управување се обнови и стабилизираше, северните бели носорози беа истребени со ловење за време на колонијалната ера и зголеменото ловокрадството во изминатите неколку години. Последниот машки северен бел носорог почина во март, а од овој вид останаа само две женки.
Дурант и нејзините колеги во зоолошката градина во Сан Диего се надеваат дека шесте женски јужни бели носорози кои се под нивна грижа, вклучително и Викторија, ќе послужат како сурогат за ембрионите на северните бели носорози, помагајќи во заживување на нивното население.