На овогодишната Трансконтинентална трка која започна во саботата, по втор пат учествува младата Тина Нестороска.
Трката која се одржува секоја година е една од најтешките на светско ниво, со траса која варира секое издание, а растојанието е помеѓу 3.200 до 4.200 километри. На победниците обично им требаат околу 7-10 дена за да стигнат до финишот.
Нестороска, претходно, заедно со Горан Арсовски учествуваа на трката во 2017 година.
Велосипедскиот центар „Педала“ на нивната страница на „Фејсбук“ постојано ја следат трката и известуваат за патешествието на Нестороска.
Трасата по кој се движи Нестороска може да се погледне тука.