[Фото] Се ослободуваат заробените дрвја во Скопје

Во Скопје вчера започна акција за ослободување на израснати и квалитетни дрвја, заробени од нестручно изведени градежни активности на јавни површини. Акцијата ја најави Град Скопје, во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром.

Првите дрвја кои се „ослободија“ се на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, каде што имало најголем број заробени дрвја со бекатон-плочки и друг градежен материјал, а најмалку во општината Аеродром.

Tимот од Шумарскиот факултет досега прецизно мапираше точно 841 заробено дрво во градот, од кои околу 150 се веќе ослободени, соопштуваат од Град Скопје. Оттаму ветуваат дека до крајот на сезоната сите 200 дрвја кои се во нивна надлежност ќе бидат ослободени.

Од Град Скопје апелираат до граѓаните и компаниите да внимаваат на дрвјата при изведување на градежни активности.

Фото: Никола Наумовски