Чилеанскиот состав Föllakzoid во МКЦ на 21 октомври

На 21 октомври во Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт на еден од најуникатните бендови од Јужна Америка кој скопската публика го памти по нивниот настап на шестото издание на Здраво млади – чилеанскиот состав Föllakzoid.

Групата почнува со работа пред десет години како трансерска авантура меѓу тројцата другари од најраното детство – Диего, Хуан Пабло и Доминго од Сантијаго, Чиле. Со огромни познавања за културното наследство од античката музика на Андите, овој бенд полека учи како да го усогласи ова влијание со современите звуци од нивното време, создавајќи богата, но истовремено и минималистичка атмосфера. „I“ e најновиот албум, нивно четврто издание, а трето за една од најактивните и најинтеренси издавачки куќи денес – њујоршката Sacred Bones Records. За разлика од минатите изданија кои беа направени во „single take” со целиот бенд, на овој албум работеле три месеци во изолација.

Билетите во претпродажба чинат 400 денари и може да се купат на билетарницата на МКЦ и онлајн преку https://bileti.mkc.mk/index.php?id=535