Уметничка инсталација во која американскиот претседател Доналд Трамп, потопен до половина глава во река, со прстите прави знак „ОК“, се појави во францускиот град Мец.
Според авторот, инсталацијата насловена „Сè е добро“, е направена за да се потсети светот на заканите по животната средина кои ги доаѓаат од претседателот Трамп, пренесе АФП.
„Делото испраќа и скромна порака до Трамп за тоа како неговите анти-еколошки позиции се штетни за целиот свет“, вели Хасен Лекадир, заменик-директор за култура на градот Мец.
Инсталацијата ќе биде поставена до 7-ми септември и е дел од градскиот фестивал за дигитална уметност, а фигурата на Трамп ќе свети во ноќните периоди.
 
						 
								 
               
				![[Видео] „Сè е добро“ – уметничка инсталација во Франција против еколошките политики на Трамп](https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2019/07/Трамп-Уметничка-Инсталација-АФП-702x336.jpg)