Член 1 – Институт за глобални политики и право во „Јавна соба“ на 28ми јуни (петок) од 10 часот организира трибина посветена на состојбите во македонската дипломатија и потребата од нејзина професионализација.
„На настанот ќе се споделат резултатите од истражувањето на Член 1 за состојбите во дипломатијата и потребите од промена на моменталното законско решение. Дополнително, ќе имаме јавна дискусија меѓу гостите говорници околу чекорите кои се потребни да се преземат за попрофесионална дипломатска мрежа“, соопштуваат од Член 1.
Потврдени гости говорници на настанот се Никола Димитров, Министер за надворешни работи, Ивана Туфегџиќ, пратеничка во Собранието, Член на Комисијата за надворешна политика, потоа Никола Попоски, пратеник во Собранието, член на Комисијата за надворешна политика, поранешен Министер за надворешни работи, д-р Јулија Брсакоска-Базеркоска, вонредна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од катедрата на меѓународни односи и Лазар Поп Иванов, ко-претседател на Член 1.
Заинтересираните можат да се пријават на овој ЛИНК.
Оваа дискусија е дел од активностите на проектот „#МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа “, имплементиран од Член 1 – Институт за глобални политики и право.
Проектот финасиски e поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капцитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од Европска Унија.