На 22 јуни (сабота) од 18 часот во кафе-филм „Котур“ ќе се одржи настанот Музеј #МладиВоАкција, на кој ќе има поставки 11 тимови кои во изминативе две месеци работеа на едуцирање на јавноста за постоењето на трговијата со луѓе.
„Поставките ќе бидат во времетраење од еден ден а вие ќе имате единствена шанса да бидете во друштво на уметниците, и тие да ви ги раскажат приказните позади нивните дела. Дојдете на музика, претстава, филм, изложба и на супер кул дружба!“, се вели во најавата на настанот на тимот на „Отворена порта“.
Од таму нагласуваат дека поканети се сите, без рестрикции на возраст, пол, род, раса, боја на кожа, сексуална ориентација.