[Галерија]Од студентите за студентите – реновирана читалната и уреден дворот во „Стив Наумов“

Во студентската акција која се одржа од 1-ви до 12-ти јуни, студенти од домот „Стив Наумов“ со помош на членови на Младинскиот образовен форум (МОФ) ја реновираа читалната и направија нови содржини во дворот. Студентите добија и библиотека, за која во иднина ќе треба да се грижат сами.

Со оваа студентска акција се работеше на уредување на просторот на постоечката читална и дворот во студентскиот дом, а преку отворената донаторска акција, ќе се изврши и опремување на библиотеката во рамки на читалната. Донаторската акција за книги и литература ќе биде отворена и по официјалното отворање на обновената читалната.