„Јади паметно“ – дискусија за здрава исхрана во Котур

Во сабота од 12 до 15 часот во Котур ќе се одржува Eat Smart Talks. Станува збор за настан чија цел е да се зголеми свеста околу начинот на исхрана и размена на информации. Дискусијата треба да одговори на прашањата:

*Како и колку храната влијае врз целокупното здравје;
*Kако до попаметен начин на исхрана;
*Што подразбира поимот здрава исхрана;
*Митови и заблуди околу исхраната;
*Креативност во исхраната;
*Влијанието на родителите врз исхраната на децата;
*Како до попаметна искористеност на остатоците од храна.

Говорници ќе бидат:

Д-р. Александар Митов
М-р. нутриционист Фани Гулевска
Food blogger- Весна Ѓурковска- Каеска (Вкусни Приказни)
Food blogger-Кирил Каракаш

Присуство треба да се потврди на мејлот: ellie.angelovska@gmail.com со ваши лични податоци, при што ќе ви биде испратена влезница. Местата се ограничени.

Настанот е организиран од „Би-орг“, а е поддржан од Шведскиот институт и е дел од проектот Food for Tommorow.