ЈП „Комунална хигиена“ одржа еко-предавање за скопските средношколци

Еко-патролата и Одделението за едукација на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје денеска одржаа заедничко еко-предавање пред средношколците од СУГС „Кочо Рацин“.

Покрај едукацијата за правилното и совесно постапување со отпадот,  неговата примарна селекција и рециклирањето, тие имаа можност да се запознаат и со улогата и активностите на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Преку слајдови и видео-материјали, учениците беа информирани за проблемите со коишто Еко-патролата се соочува на терен и беа едуцирани за превентивните мерки и дејствија што таа ги презема за да се спречи создавањето на диви депонии, со крајна цел  – заштита на животната средина.