Премиера на краткиот филм „СК2020“ кој ја третира темата на загадувањето  

Во кино „Фросина“ вечер од 20 часот ќе се одржи премиера на краткиот филм „СК2020“ (работен наслов „Здив“) во сценарио  и режија на Радован Петровиќ.

„Филмот ја третира темата на загадувањето и дилемата на едно македонско семејство дали да ја напушти државата. Филмот се снимаше оваа зима на локации во Скопје“, информираат од „Кино Око“.

Главните улоги ги толкуваат Верица Недеска-Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска, Торијан Азгоур и Катерина Коцевска. Продуценти се Роберт Насков и Сања Тодоровска-Арсова.

Тонската постпродукција се одвиваше во „Аудиохаус“, а видео постродукцијата во „Фх3х“. Филмот е во продукција на „Кино око“, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.