Концертна промоција на „Devotion“ од Мухамед Ибрахими

„Devotion“ е насловот на последниот албум од Мухамед Ибрахими, чија промоција е закажана за вечерва (17 мај) во 21 часот, во Младинскиот културен центар.

Мухамед Ибрахими е речиси волшебна појава на македонската музичка сцена. Невиден виртуоз и извонреден музичар, кој својата публика редовно ја остава без здив и со подзината уста. Гитара, шаркија, мандолина…Тоа е светото тројство за Ибрахими, инструментариум на кој му нема рамен во земјава, а можеби и пошироко, стои во најавата за концертот.

По извонредно успешниот прв албум Fly (PMG Recordings, 2014) чиј два пати печатен тираж е одамна распродаден, кон крајот на минатата година, тој го издаде вториот албум – Devotion, чија промоција е закажана за вечерва во кино Фросина, МКЦ.