Јасно и гласно: Читањето книги условено од промоцијата, преводите и грантовите

Како книгите да се доближат до младите во време на смартфони и 24-часовен интернет? Колку е важна промоцијата на новите изданија, разговорот со авторите на книгите и иновативниот пристап? Дали шундот ги потиснува квалитетните изданија? Колку образованието ги учи младите да читаат?

Непосредно по годинешниот Саем на книгата, во емисијата „Јасно и гласно“, зборуваме за тоа како да се поттикне читањето книги и каде затајуваат институциите. Гости во студиото на Радио МОФ се Никола Гелевски- Коља, уредник на издавачката куќа „Темплум“, претседателката на Здружението на преведувачи Огнена Никуљски и писателот Петар Андоновски.