Средношколец од Рудо е избркан од училиште бидејќи има аутизам

Славко Мршевиќ е тинејџер кому веќе втора година му е ускратено правото на образование во градот во кој живее  – Рудо, Република Српска. Затоа тој доаѓа на училиштето  за време на одморот, кога може да се дружи со своите врсници.

Минатата недела, Министерството за образование и култура на Република Српска објави дека ја поништува одлуката на училишниот одбор, со кој се дозволува Славко Мршевиќ, момче со блага форма на аутизам,  да се врати на училиште.

По повод Славко, тој му напиша писмо на ресорното министерство.

Шестнаесетгодишниот Славко има дијагностицирано Аспергеров синдром (високо функционална форма на пореметување од аутистичен спектар). Во прва година Славко тргнал во средно, но по второто полугодие наставниците престанале да го испрашуваат и не му ги заклучиле завршните оценки. Откако останал без оценки, не му било дозволено да се запише во втора година.

Според стручните мислења на лекарите, Славко е способен да присуствува на редовна настава, но со приспособена, инклузивна програма. Наместо тоа, училиштето му забранува да оди на часови, и одбива да ја прилагоди наставната програма и  методологија според неговите функционални способности.

Овој случај, на крајот на минатиот месец доби и судски епилог во Основниот суд во Вишеград. Судот издаде пресуда дека средното училиште во Рудои Министерството за образование на Република Српска, ги прекршиле законите и правото на лицето со аутизам, момчето Славко Мршевиќ од Рудо, со што побара негово враќање во училишната клупа.