Нов TEDx настан во Скопје на тема велосипедизам – во тек е повик за учество

Како да се воздигне велосипедската култура во Скопје? Како граѓаните да бидат активни учесници во дизајнирање на градот со цел да има место и пристапност за сите превозни средства еднакво? Како други градови поддржуваат различен вид на мобилност?

Ова се дел од прашањата на кои ќе се дискутира на новиот TEDxSkopjeSalon настан на 23 април со почеток од 19:00 часот во просториите на i-bank store – Стопанска банка. Темата е „Твојот избор на урбана мобилност: Велосипедизам”.

„Градовите на иднината се создаваат врз основа на набљудување на потребите на луѓето, следење на добрите примери и дизајнерските принципи на други градови. Добриот дизајн на градовите ги мотивира граѓаните да користат одржливи транспортни средства, како што е велосипедот. Со инфраструктурата се подобрува безбедноста на граѓаните, како и се олеснува мобилноста во сообраќајот.

На улиците во Скопје секојдневно гледаме се повеќе велосипеди, особено во потоплите сезони. Увозот на велосипеди постојано расте низ годините, а со тоа и љубителите на велосипедизмот се повеќебројни. Но дали градот доволно се приспособува со својата инфраструктура кон сегашните потреби на граѓаните?“, се вели во настанот.

Во тек е повик за пријавување на учесници. Краен рок е 18-ти април, а бројот е ограничен на 20 учесници.

Пријавувањето е на следниот ЛИНК.

Настанот е независно организиран ТEDх настан и истиот е од страна на TED.