По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, здружението на граѓани „Ромаверзитас“ вечерва (4-ти април) организира ораторски настапи на тема „Ромскиот народ – минато, сегашност, иднина“, со почеток од 17 часот на малата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје.
Како говорници ќе настапат:
– Алмира Фасљии – студентка на студии по Новинарство, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ, Скопје.
– Ариф Адеми – студент на Правни студии, на Правниот факултет “Јустинијан Први”, при УКИМ, Скопје
– Фатима Сали – студентка на Фармацевтскиот Факултет, при УКИМ, Скопје
– Семран Сулејман – студент на Правни студии, на Правниот факултет “Јустинијан Први”, при УКИМ, Скопје
– Цвета Ангелова – студентка на Филозофски факултет на Институтот за социологија, при УКИМ, Скопје
– Руфат Демиров – студент на Политички студии на Правниот факултет “Јустинијан Први”, при УКИМ, Скопје
На настанот ќе бидат доделени и признанија на дипломирани Роми од прв циклус на студии во 2018 година, како и избор на најдобри студенти и сертификати на студенти Роми корисници на „Ромаверзитас“.