Од компанијата Фејсбук соопштија дека од следната недела ќе ги блокираат „славењата, поддршката и претставувањето на белечкиот национализам и сепаратизам“ на своите социјални платформи Фејсбук и Инстаграм.
Од технолошкиот гигант истовремено се заложиле дека ќе ја подобрат нивната подготвеност да блокираат материјали од терористички групи.
Корисниците на Фејсбук, кои пребаруваат навредливи поими, ќе бидат пренасочени кон хуманитарни организации кои се борат против крајно-десничарскиот екстремизам.
Социјалната мрежа се најде под јавни критики откако човек во живо на нивната платформа го емитуваше нападот на две џамии во Нов Зеланд.
Фејсбук претходно дозволуваше одредени содржини кои поддржуваат белечки национализам, а кои не го сметале за расистички – како дозвола корисниците да повикуваат на создавање на белечки етно-држави.
Додека претходно од Фејсбук го гледаа белечкиот национализам како форма на изразување и важен дел од идентитетот на луѓето, сепак во објава на нивниот блог сега велат дека по тримесечна консултација со претставници на граѓанското општество и академската заедница откриле дека белечкиот национализам не може да биде вредносно раздвоени од супериорноста на белата раса и организираните групи на омраза.