Вело-патешествие во „Педала“: 90 дена на точак за Норвешка

Во „Педала“ во четврток (21 март) од 19 часот ќе се одржи нов настан, нова презентација на вело-патешествие, овој пат на Тина Несторовска за Норвешка.

Според најавите, патешествието одговара на прашањата како изгледа животот кога наутро се будиш зошто птиците прават многу голема бучава, кога спалната ти е мала ливада во шумата, кога стануваш на едно место а заспиваш на друго место, кога дневната ти е целиот широк свет и секој човек што ќе го сретнеш ти е пријател кој прв пат го среќаваш и најверојатно нема друг пат повторно да го сретнеш?

„Како е се да е прекрасно, толку да е прекрасно што дури и на најголемата бура е прекрасно? Како е да живееш за убавините на денот? Како е да живееш на точак? Нека не ве мачат тие прашања и едноставно дојдете во ‘Педала’ каде Тина ќе ни раскаже како и било нејзе 90 дена на патешествие на точак за Норвешка. Да ја прославиме пролетта со мисли за големи авантури“, велат од Педала.

Социјалниот велосипедски центар „Педала“ е поддржан во дел од ЕУ и ЦИКП преку Смарт Старт проектот.