Петнаесетта жртва во сообраќајната несреќа кај Ласкарци

Уште едно лице почина од повредите во тешката сообраќајна несреќа која пред два дена се случи кај селото Ласкарци, со што вкупниот број на жртви се искачи на 15. Починат е 40-годишен маж на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега (КАРИЛ).

Во критична состојба се наоѓаат уште пет пациенти. Дел од повредените се лекуваат во скопските болници, додека оние со помали повреди веќе се пуштени на домашно лекување.

Несреќата се случи на 13 февруари, околу 17 часот, кога автобусот на компанијата „Дурмо турс“ со педесетина патници излета од автопаттот Скопје Тетово, кај селото Ласкарци. Автобусот сообраќаше на релација Скопје-Гостивар.