Редок црн леопард фотографиран за првпат по 100 години

Британскиот фотограф Вил Бурард Лукас успеа да фотографира редок црн леопард во Кенија, Африка.

Со децении тој се сметал за легенда и се раскажувале приказни за него.

Животното, чија црна боја е резултат на меланизам, спротивно на албинизам, е навистина редок. Ова е прв пат еден црн леопард да биде фотографиран во Африка во 100 години.

После неколку неуспешни обиди, фотографот успеал да го исполни својот сон.

„Брзо погледнав на последната замка, без да очекувам многу“, напипша Бурард Лукас на својот блог.

„Додека ги прегледував фотографиите, застанав и се загледав во фотографија со несфаќање… пар очи опколени од темнината, црн леопард! Не можев да поверувам и ми требаа неколку денови пред да сфатам дека го постигнав мојот сон.“

Црните леопарди се нешто помали од оние со нормална боја, а црната боја на крзното е наследна. Црниот леопард во природа може да се види во Кина, Мјанмар, Непал, јужна Индија, Јава и Африка.